Есента веќе стигна во Смедерево

Една од најстарите манифестации во Србија „Смедеревска есен“ се одржа по 131 пат. На улиците на Смедерево беа поставени тезги со грозје, вино, слатки, производи од домашно производство, а веселбата ја надополни музичката програма на две бини за чија техничка поддршка беше задолжена Скајмјузик.

Meyer Melodie озвучувањето на бината на Смедеревската тврдина обезбеди кристален звук за изведувачите меѓу кои беа и хорот и оркестарот на РТС, Жељко Васиќ, Балканика. На Градскиот плоштад настапија Гарави сокак, Снежана Ѓуришиќ, Лексингтон и многу други, а за озвучувањето беше користен Meyer Milo звучниот систем.