Discovered by Coke откри нови музички ѕвезди

Талент шоуто Discovered by Coke во белградскиот Хангар откри нови музички ѕвезди! Сè почна со специјално дизајнираните кока-кола лименки на кои се наоѓаат ликовите на популарните музички ѕвезди: Сара Јо, Бојана Вунтуришевиќ, групите С.А.Р.С и Леона. Токму тие им беа ментори на младите луѓе кои се пријавија за ова музичко натпреварување.

Менторите на кандидатите им ги пренесуваа своите искуства и знаења за пеење, артист менаџмент, сценски настап и музичка продукција, а Discovered by Coke откри нови, одлични пејачи кои добија неверојатна можност да ги остварат своите соништа.

Победникот на Discovered by Coke, освен сингл и парична награда доби и можност да започне блескава кариера во музичката индустрија.

Техничката продукција беше на Скајмјузик.