Денови на пивото во Зрењанин
33. Денови на пивото во Зрењанин и оваа година беа вистинско задоволство не само за љубителите на овој напиток туку и за сите љубители на добрата музика и забава. 500.000 посетители уживаа во најразновидните програми, работилници, претстави и музички содржини, и тоа на повеќе од 20 локации низ градот. На импозантната бина на плоштадот Слобода настапија Филхармонијата на град Зрењанин, Бајага и инструктори, Рибља чорба, Марија Шерифовиќ, Лексингтон бенд, итн….
Креативните решенија на главната бина, на лед екраните како и Meyer Sound озвучувањето ги обезбеди Skymusic, кој беше задолжен и за техничката продукција на бината на Житниот плоштад, каде настапија Дарко Рундек, Харис Џиновиќ, Гарави сокак, Гоблини, Неверне бебе и многу други изведувачи.







