Cloud влегува во завршницата: Слободан Тркуља и Балканополис со Рок симфонија и Влатко Стефановски
После одличните фестивали Beer Fest и Music Week и овој викенд на Ушќе ќе бидат одржани одлични концерти во рамки на Cloud фестивалската платформа.
Пред Ноќ на музиката, како вовед во последниот фестивалски викенд во четврток на 29 август од 20: 00 часот до 23: 45 изведени се концертите на Слободан Тркуља и Балканополис и Влатко Стефаносвки и Рок симфонија. Концертите на составот Балканополис се мешавина од модерен поп и рок спектакл, симфониски и епски звук проткаен со српската традиција. Предводени од мулти инструменталистот и пејач Слободан Тркуља, едни се од најкреативните музички уметници од нашите простори. Покрај екстравагантните костими и сега веќе легендарните фризури на Тркуља, познати се затоа што го спојуваат модерното и традиционалното – гајда со гитарски ефекти и вах педали, кавали и рок гитари, тамбури и тапани – проткаени со силен оркестарски звук, од епско до лирско.
„Сме одржале многубројни концерти во арени и театри ширум светот и сме ги освоиле срцата на публиката со модерниот српски звук. Секој концерт на Балканополис е спектакл, а за настапот на Ушќе подготвивме посебна сет листа затоа што овој концерт беше дел од документарниот филм на кинеската ЦЦТВ телевизија за мене и Балканополус, а ќе се снима во текот на следните два месеци. Затоа ги повикав сите белграѓани во што поголем број да дојдат на Ушќе за сите заедно да испратиме што е можно поубава слика во светот“, изјави Тркуља.
Потоа следуваше музичко-сценскиот спектакл кој го изведоа Влатко Стефановски и Рок симфонија, што е проект на Камерниот оркестар од Битола, составен од врвни, професионални музичари кои зад себе имаат бројни успешни концерти на реномирани фестивали.
„Овој оркестар е сочинет од млади музичари кои решија малку да го прошират својот репертоар, свири и учи ги нумерите низ рок лектири. Забавно е да се настапува со поголеми оркестри затоа што звукот е побогат, а репертоарот за мене е нов и свеж. Пеам и свирам некои нумери кои не ги изведувам на моите концерти, а сигурен сум дека публиката на Ушќе уживаше!“, рече Влатко Стефановски.
Познати се по исклучителната атмосфера која ги следи нивните настапи на кои изведуваат хитови на популарни групи како што се АЦ/ДЦ, Дип Парпл, Лед Цепелин, Квин, Лени Кравиц, Рамштајн, Џоан Џет, Скорпионс и други. Оркестарот е составен од 17 члена и тројца солисти, кои со виртуозот на гитара Влатко Стефановски изведоа повеќе од 90 минути програма.
Новата фестивалска платформа CLOUD Festivals за прв пат обедини повеќе фестивали, кои се одржуваат на Ушќе во текот на втората половина од август и така создаде нов, единствен концепт, а организацијата и продукцијата ја поткрена на највисоко ниво. Во тоа се уверија повеќе од 810 000 луѓе кои ги посетија Belgrade Beer Fest и Music Week за време на осум дена во претходните две недели од фестивалот.






