Шест концерти на Здравко Чолиќ во Арена
декември/2019
Дека Здравко Чолиќ е убедливо најголема регионална ѕвезда знаевме и порано, а оваа титула легендарниот пејач дефинитивно ја потврди шест пати полнејќи ја Штарк арената. Вкупно 120 000 луѓе го слушаа Чола во текот на шест незаборавни вечери, а посетителите дојдоа не само од Србија, туку од целиот регион.
Продукцијата Скајмјузик имаше чест и задоволство во техничка и организациска смисла да биде важен дел од овие концерти кои дефинитивно влегоа во историјата на музичката сцена во регионот.










