Концерт на Лексингтон бенд во Арена
март/2020
Исклучителна брзина на продукциската поставка, во која сценски ништо не смееше да трпи – така накусо од страна на техничката продукција може да се опише концертот на Лексингтон бенд во преполната Штарк арена.
Тимот на Скајмјузик ја покажа својата брзина и професионалност со монтажа на поставката за само 40 часа, а демонтажата траеше експресни 10 часа.
За потребите на концертот се користени 250 светлосни тела и околу 160 м2 лед екрани, Meyer sound sistem, а дизајнот, кој беше фокусиран на светлото, го потпишува Небојша Милојевиќ, член на тимот дизајнери на Скајмјузик.









