MAC церемонијата наградена со меѓународно БЕА признание за музички настан на годината

Манифестацијата Music Awards Ceremony во Милано е овенчана со престижно меѓународно признание БЕА (Best Event Awards). Креативноста, иновациите и регионалното значење беа пресуден критериум за MAC да се најде меѓу добитниците на наградите во остра конкуренција на манифестација од 30 земји од светот.

Единствената регионална церемонија која го обединува доделувањето на признанија и настапи на изведувачите низ најсовремен музичко-сценски израз и врвна продукција, MAC, го освои третото место во категоријата Музички настан.

Глобалното натпреварување на кое се бираат најдобрите настани на годината и најдобрите локации, го организира ADC Group. Ова беше 14. по ред доделување на признанија во рамки на Bea World фестивалот, меѓународен фестивал на настани и комуникации (The International Festival of Events and Live Communication).

Жирито кое решаваше за наградите беше составено од врвни професионалци во сферата на маркетингот и комуникациите, односно носители на одлуки во најголемите светски мултинационални како што се Орифлејм, Лаваца, Лего, Ербас, Ферари, Бајер итн.

Во име на манифестацијата Music Awards Ceremony, наградата на BEA церемонијата ја прими Миленко Шкариќ, основач и сопственик на компанијата Скајмјузик, во чија организација и продукција се одржува MAC.

„Ова е прво меѓународно признание за MAC и мошне сме среќни. Горд сум на целиот Скајмјузик тим кој веруваше во идејата дека е можно да се соедини регионот со еден музички настан на највисоко продукциско ниво. Конкуренцијата во Милано беше силна, се натпреваруваа музички настани од речиси сите земји во светот, но жирито го препозна нашиот квалитет. Ова признание воедно ни е и поттик следната година да бидеме уште подобри“, вели Шкариќ.

Манифестацијата MAC неодамна влезе и во финалето на изборот за уште две меѓународни признанија – Eventex и German Brand Awards, а прогласување на победниците на овие две натпреварувања ќе биде одржaна во март и јуни 2020 година.