Хуманитарен концерт на УНИЦЕФ
Познати детски песнички, но и композиции на Вивалди, Дворжак и други познати светски композитори се ореа во Сава центар на 13 ноември во изведба на хорот Колибри и виолинистите Немања Радуловиќ и Стефан Миленковиќ.
На овој хуманитарен концерт на УНИЦЕФ во публиката присуствуваа голем број деца, кои секоја песничка ја дочекаа со овации и аплауз. Концертот беше одржан по повод 30 години од усвојувањето на Конвенцијата за правата на децата, а сиот приход е наменет за унапредување на програмата за претшколско образование во Србија.
Со желба да пружи свој скромен придонес, Скајмјузик за овој концерт донираше опрема и услуги за потребите на техничката продукција. Ова е уште едно ангажирање на Скајмјузик со цел донација на средства за УНИЦЕФ, а претходно беше на манифестацијата Music Awards Ceremony (MAC), во чии рамки Скајмјузик и ЦЕБЕФ се откажаа од приходите од СМС гласањето и влезниците. Средствата тогаш беа пренасочени на УНИЦЕФ, кој ги распредели во земјите во регионот, а целна група беа адолесцентите.






