Ванеса Меј во Сава центар

Популарната виолинистка Ванеса Меј, најголемата ѕвезда на 51. Бемус, настапи во Сава центар и на публиката ѝ претстави специфична комбинација на класична, електронска, џез и поп музика.

Секој кој работел со оваа ѕвезда знае што значи да се одговори на нејзината рајдер листа, затоа што бескомпромисните барања мораат да бидат исполнети до последниот детаљ. Сепак, продукцискиот тим на Скајмјузик е во состојба перфектно да ги изврши и најсложените задачи, па и овој спектакуларен концерт протече совршено.