Спектакл за паметење: Повеќе од 300 000 посетители на Music Week на Ушќе

Третата вечер на Music Week фестивалот ги собори сите рекорди на посетеност – 130 илјади посетители се собраа на Ушќе на настапите на најголемите треп и поп ѕвезди од регионот. Со 80 000 во првата вечер и 100 000 во втората вкупно низ фестивалската капија на првиот летен, белградски Music Week поминаа повеќе од 300 000 посетители!

Досега невидениот спектакл на Ушќе ги собра најголемите регионални ѕвезди на популарна музика, а публиката од сите генерации пееше во глас со изведувачите на нивните најголеми хитови.

Младата ѕвезда Анџелина ја отвори третата фестивалска вечер, а по неа на бината застана треп кралицата Сенидах, која ја вжешти атмосферата. Со одличниот настап и кореографиите Сара Јо ја воодушеви публиката, а после неа со бината завладеа одличната Катарина Грујиќ.

Еден од водечките хитмејкери на денешницата Цоби ја запали масата, а потоа следуваа босанските мега ѕвезди Буба Корели и Џала Брат.

Спектакуларниот настап на Маја Беровиќ на Music Week ќе се памети уште долго, затоа што пејачката со зиплајн сајла се спушти на бината, а потоа следуваше енергичен настап до раните утрински часови.

Иако влезот беше бесплатен со симнатата Keep App мобилна апликација, делуваше дека дури и Ушќе е мало да ги прими сите белграѓани и гостите во Белград кои дојдоа на Music Week.

Популарниот фестивал се одржува веќе 4 години на Копаоник, а ова беше неговото прво летно белградско издание.

Организаторите Скајмјузик и БКМ истакнуваат дека се презадоволни со фантастичната атмосфера која владееше на Ушќе и велат дека првиот белградски Music Week е само почеток на една традиција која ќе продолжи во Белград и во следните лета.

Music Week е реализиран со поддршка на Цебеф и Град Белград.