Вечерва почнува Music Week на Ушќе!

Бесплатни концерти на Драгана Мирковиќ, Јелена Розга, Тони Цетински, Саша Ковачевиќ и Џенан Лончаревиќ

Ушќе е спремно за најголемиот фестивал на популарна музика во регионот, Music Week, кој почнува вечерва, а влезот е бесплатен! Ако сè уште не сте ја симнале бесплатната мобилна апликација Keep App направете го тоа веднаш, затоа што симнатата апликација служи како бесплатна влезница.

Фестивалските капии се отвораат во 19 часот, па организаторите им препорачуваат на посетителите навреме да дојдат на Ушќе.

Music Week го отвора Саша Ковачевиќ, чиј настап почнува во 20 часот. Еден од најпопуларните поп пејачи во регионот ќе ги ниже своите хитови до 21 часот, а по него настапува регионалната ѕвезда Јелена Розга. Од 22: 30 часот за атмосферата ќе биде задолжен легендарниот Тони Цетински, а долго очекуваниот белградски настап на Драгана Мирковиќ ќе почне 15 минути после полноќ. За одличната атмосфера до самиот крај на првата фестивалска ноќ ќе биде задолжен Џенан Лончаревиќ, чиј настап почнува во 2: 30 часот.

Деталната саатница и мапата на фестивалот можете да ги најдете на линкот