2Cellos ја запалија атмосферата на Калемегдан
септември/2018
Популарниот хрватски двоец Лука Шулиќ и Стјепан Хаусер попознати како 2Cellos настапија на Калемегдан. Познатите челисти одржаа концерт пред 15 000 обожаватели од целиот регион, изведувајќи музички теми од филмовите „Појадок кај Тифани“, „Кум“, „Дождовен човек“, но и нумери на изведувачи како што се Мајкл Џексон, АЦ/ДЦ, Нирвана…
Фантастичната атмосфера ја надополни техничката продукција на Скајмјузик, која за оваа прилика обезбеди 150 светлосни тела и 280 панели MR Led лед екрани на преку 200 метри алуминиумска конструкција, додека за звукот е користен познатиот EAW Anya аудио систем.




