Свечена прослава 60 години РТС
Шесте децении постоење на Радио телевизија Србија беа одбележени со глаа концерт на стадионот Ташмајдан на кој настапија Симфонискиот оркестар и хор на РТС, Биг бенд, хорот „Колибри“ и детскиот хор на РТС, со познатите солисти и диригенти гости. По првпат на еден концерт настапија на бината неверојатни 190 музичари, а во изведување на првата нумера учествуваа дури 230 музичари што е своевиден рекорд во продукцијата во денешно време.
Skymusic беше задолжен да изгради импонзантна бина, широка 22м и длабока 18 м за да може да ги прими сите музичари, а обезбеди и озвучување и осветлување. По посебно барање на славниот режисер на РТС, веселин Гвоздановиќ, инсталирана е проѕирна кровна церада за преубавата сцена да може да се снима и од воздух. Ваква кровна инсталација прпват е направена во Србија, но и пошироко во регионот на Источна Европа, а Skymusic со овој проект уште еднаш го потврди епитетот на регионален лидер во продукцијата на големи манифестации.






