Забавата продолжува: втора вечер EXIT

Бројот на посетители на EXIT фестивалот за два дена достигна 90.000. А тоа е само почеток! Љубителите на музиката се забавуваа минатата вечер на преку 40 бини и зони на Петроварадинската тврдина, а ѕвезда на вечерта на главната бина беше Ziggy Marley, икона од Јамајка, добитник на осум Греми награди, и престолонаследник на најголемата реге династија. После него, сцената ја презема еден од најдобрите рапери на новата генерација French Montana. Dance Arena-та гореше за време на историскиот трочасовен сет на Mace Plex, а на стејџовите Fusion и Explosive гостите ги забавуваа Irie FM, Nipplepeople, Cockney Rejects и хардкор иконата Madball.

За техничката продукција на официјално најдобриот европски фестивал задолжен беше Skymusic, кој се погрижи публиката, освен добра музика, да ужива и во одличните аудио-визулени ефекти.