Почнува 18. по ред EXIT во Нови Сад
Сѐ е спремно за 18. EXIT фестивал кој почнува утре! Richie Hawtin, French Montana, Ziggy Marley, Carl Craig, Grace Jones, Ofenbach, Бајага и инструктори, Никола Врањковиќ, Sunshine, Asian Dub Foundation и многу други изведувачи ќе настапат од 12. до 15. јули на Петроварадинската тврдина во Нови Сад. На главната бина, EXIT оваа година ќе ја прикаже најважната продукција со многу LED екрани, најнови уреди за осветлување и сценски ефекти, додека веќе импресивната АРЕНА ќе добие нов, уште поимпресивен изглед ─ со бинска конструкција широка дури 59 и висока 18 метри! На EXIT и оваа година доаѓа познатото визуелно студио DubLab од Лисабон чиј ВиЏеј тим веќе со недели наназад спрема специјални видео материјали.
И оваа година надалеку прочуениот и беспрекорен звук на АРЕНА го носи фамозниот Meyer MILO систем со 110 звучни кутии, а спектаклот ќе го надополнат и седум најсовремени ласери од новата генерација со леќи кои прижаа неверојатно прецизна дефиниција на сликата со максимална безбедност за окото. Покрај сценските изведувачи, со точки кои секогаш ве оставаат без здив, и танчери и танчерки кои ја вжештуваат атмосферата, оваа година специјалните ефекти како: нова пиротехника, бројни хејзери, машина за сув led и CO2 , добија значајно појачување.
За комплетната техничка продукција задолжен е Skymusic.

