Три дена добра забава на фестивалот Revolution

Gogol Bordello, Dub Fx, Wilkinson, Марко Настиќ и многу други регионални и светски музички ѕвезди настапија на четвртиот по ред  R:EVOL:UTION фестивал во Темишвар од 31 мај до 2 јуни. Повеќе од 200 музички и уметнички состави од преку 40 земји од светот, настапија на повеќе од 10 фестивалски бини и зони. Бајковитиот Музеј на селото во Темишвар, во кој се одржува фестивалот, претворен е во 72 – часовна зона на непрекината забава проткаена со уметност, забавни работилници и спортски активности.

За техничката продукција беше задолжен Skymusic.