Бендот Gogol Bordello ја одушеви белградската публика

Возбудливата концертна атракција Gogol Bordello со својот џипси панк-рок звук го растресе SKC! Предводени од фронтменот Eugenom Hutz (Јуџин Хуц), членовите на њујоршкиот бенд приредија спектакл пред белградската публика, и уште еднаш го оправдаа статусот на светски ѕвезди, кои во текот на дваесетгодишната кариера имале забележителни настапи на сите најзначајни светски фестивали.

Атмосферата од белградскиот концерт ќе се памети уште долго, а за неа, во вид на техничка продукција. беше задолжен Skymusic.