Нова Waikiki продавница во центарот на Белград
мај/2018
Вљубениците во модата и модните стилови, добија уште едно место за уживање во срцето на Белград – нова Waikiki продавница на Кнез Михајлова 44. Дуќанот беше отворен во присуство на голем број јавни личности од светот на бизнисот, медиумите и забавата, со настап на ди-џеи, гудачи и танчери кои се заштитен знак на омилената белградска улица.
За атрактивноста на овој цел настап придонесе врвното осветлување и озвучување, како и photo wall (фото ѕид) од LED екран на најновата технологија, отпорни на сите атмосферски услови (дожд, снег, ниски и високи температури) со резолуција од 6 мм.
За техничката продукција на настанот се погрижи Skymusic.


















