Ритамот на Европа во Нови Сад

Традиционалната музичка манифестација „Ritam Evrope“, која ја организира Студентскиот културен центар веќе 12 години, и оваа година се одржа на новосадскиот Плоштад на слободата. По повод денот на победата над фашизмот во Втората светска војна, но и Денот на Европа, кој се одбележува истиот ден, манифестациската програма ја изведуваа домашни и странски музичари како Дисциплина кичме, Лет 3, The Toasters.

За техничката продукција беше задолжен Skymusic.