Роденденски спектакл на Жељко Јоксимовиќ во Сплит
април/2018
Пред повеќе од 12 000 луѓе Јоксимовиќ одржа концерт во Спаладиум арената. “Nisam te zbog lepote voleo” е песната со која Јоксимовиќ го започна концертот, со громогласен аплауз од публиката, после која се редеа хитовите кои ја одбележаа неговата кариера: “Nije do mene”, “Libero”, “Ljubavi”, “Supermen”, а врв на вечерта беше изведбата на “Milimetar”, која публиката заедно со пејачот заедно ја пееја на глас. Гости на концертот беа пријателите на Жељко, Петар Грашо, со кој ја испеа песната “Utorak”, и Тончи Хуљиќ, кој ја испеа песната “Providenca”. Продукцијата Skymusic на целата атмосфера ѝ даде спектакуларен карактер.













