Јосипа Лисац одбележа 50 години на музичката сцена

Една од најдобрите пеачки во поранешна Југославија го одбележа крајот на турнејата со концерт во преполната сала на Белградскиот Центар Сава со кој прослави 50 години кариера. Јосипа ја пееше нумерата за филмот “Ustav Republike” и ја потсети публиката на неодамна починатиот актер Небојша Глоговац.

Покрај таа песна ги испеа и “Boginja”, Dok razmišljam o nama”, “Živim po svome”, “O jednom mladosti”, “Gdje Dunav ljubi nebo”… а на сцената Јосипа ја пратеше Загребскиот бенд Chi. Театарски улоги, улоги во рок опери, филмови, многубројни концерти и повеќе од 20 албум се дел од кариерата на Јосипа долга 5 децении.

За комплетната техничка продукција задолжен беше Скајмјузик.