Славните виртуози ја воодушевија публиката во Сараевската Зетра

Лука Шулиќ и Стјепан Хаусер, познати како 2 Cellos, славни виртуози на виолончела на 10ти март одржаа концерт во преполната Зетра во Сараево. Тоа беше нивни четврти концерт во Сараево кој овој пат беше составен од два дела – во првиот дел Лука и Стјепан настапија со оркестар, додека во вториот дел приредија вистински рок спектакл. На изненадување на сите присутни на бина им се придружи Халид Бешлиќ и пратен од двете виолончела го отпеа својот голем хит “Prvi poljubac”.

Во текот на концертот публиката имаше можност да ги слушне композициите од новиот албум на 2 Cellos насловен “Score” кој е снимен во Англија со Лондонскиот симфонијски оркестар, како и популарните класични мелодии и мелодии напишани за филм и ТВ.

За комплетната техничка продукција задолжен беше Скајмјузик.