Кралот на баладите одржа два концерта во преполната Штарк Арена во Белград
Познат по единствениот глас, професионалност и харизматичност, Саша Матиќ, еден од најдобрите пеачи на Српската музичка сцена приреди вистински спектакл во Штарк Арена во Белград на 8ми и 9ти март. На почетокот на концертите се обрати на публиката со ветување дека ќе имаат незаборавна вечер и концертите ги започна со нумерата “Ništa ne bih menjao” која што е и насловна нумера на неговиот последен албум. На концертите го поддржаа голем број познати личности, а на два пати 20.000 фанови уживаа во големиот број негови хитови. Се редеа хитовите “Maskara”, “Kad ljubav zakasni”, “Neke ptice nikad ne polete”, “Ne smem da se zaljubim u tebe” и многу други, а во текот на концертите на бина како специјални гости му се придружија Ацо Пејовиќ, Аца Лукас, Пеѓа Меденица и Александра Пријовиќ.
Двата концерти беа спектакл со најсовремена продукција, грижливо осмислена сценографија, специјални ефекти и танчери. За комплетната техничка продукција одговорен беше Скајмјузик.





















