ARD стана официјален дистрибутер за Genelec студиските монитори за територијата на Србија, Црна Гора, БИХ, Косово и Албанија.
Genelec развива висококвалитетни студиски монитори и активни звучници уште од 1978. Во годините кои изминаа, и на основа барањата на клиентите, амбициите на Genelec R&D како и работата на тимот го донесоа до неколку иновативни технологии и револуционерни дизајни кои го облагородија секој производ, и на тој начин поставија стандарди во индустријата. Одржувањето на широката палета на производи му донесе на Genelec многу предизвици, но истовремено и многу искуство.
Genelec производите се дизајнирани за изискувачки професионалци, домашна употреба и AV инсталации. Тие ги репродуцираат оригиналните нијанси на звукот; ниту го губат ниту нешто му додаваат на сигналот во која било фаза на продукцијата. Многу од првичните производи се и понатаму во активна употреба, па Genelec продолжува со својата цврста посветеност во обезбедувањето на сервис и резервни делови за сите производи, најмалку пет години по престанувањето на нивното производство, а во многу случаи и многу подолго.
Ги молиме сите заинтересирани, да не контактираат по меил или по телефон за дилерските услови кои ги нудиме!


