Anya го запознава Егзит фестивалот

Најпрестижниот звучен систем на денешнината – револуционерната ANYA, на реномираниот американски производител  EAW (Eastern Acoustic Works), пристигна премиерно во Европа.

Горди сме што Skymusic Production е прва европска рентал компанија (за издавање) која во својата понуда го има Anya звучниот систем, и тоа во конфигурација од  32+ Anya + 24 x Otto суб-звучна кутија.

Својата европска претпремиера Anya ја имаше на настапот на David Guetta во Скопје на 5. јуни, а финалната премиера во полна конфигурација се случи на главната сцена на Егзит фестивалот 7-10.7. на волшебната Петроварадинска тврдина во Нови Сад.  .
За време на четирите фестивалски денови, преку 195 000 посетители на Егзит фестивалот имаа можност да ја слушнат и почувствуваат  моќта на Anya звучниот систем. „The Prodigy’’, Ellie Goulding, David Guetta, George Clinton, „The Vaccines’’,„Bastille’’ и Wiz Kalifa се само некои од изведувачите на глваната сцена кои ја испробале EAW Anya.

Ова се првите реакции после настапот на главната сцена:

„Anya е вчудоневидувачка!’’ – Ellie Goulding FOH

„Веќе имав можност да работам на Anya; тоа беше моето најдобро искуство“– Bastille FOH

„Се радувам што работам на Anyа; таа дефинитивно ќе се најде на врвот на мојата рајдер листа во иднина“  – David Guetta FOH

„Што и да сте правеле со системов, неверојатен е, едноставно кажано!“– The Vaccines FOH

’’Anya заслужува восхит, на Prodigy му требаат само уште субови“ ─  John Burton, The Prodigy FOH

После Егзит, Anya звучниот систем тргнува на најдоброто фестивалско лето на Јадранското море, на плажата Јаз каде веќе по третпат од 14.-16. јули  се одржува Sea Dance фестивалот. Во овие три дена ќе настапуваат: „Skrillex’’, „Hurts’’, Andy C, Stereo MC’s, Jeff Mills, „Lost Frequencies’’, Banco de Gaia, Cartoon, My Nu Leng, и други регионални и светски ѕвезди.

EAW Anya е комплетно самостоен систем за разглас, со голема моќ од 10.000W за секоја звучна кутија; електронски ги прилагодува сите свои параметри, овозможувајќи така да е применлив за скоро секоја апликација. Столбовите Anya се поставени рамно, без никакво вертикално закривување, а  Resolution 2 софтверот ги прилагодува перформансите на системот така што произведува асиметричен излез кој пружа  кохерентен фреквенциски одзив преку целата зона на покривање која корисникот ја дефинирал.    Екстремно е јак и неизмерно прилагодлив што го прави погоден за која била промена, од мали сали до најголеми стадиони.

Секој Anya модул содржи 14kom 1” HF компресионирани драјвери, спакувани во HF хорна која се протега скоро преку целата предна страна на кутијата. 6kom 5” MF звучници, ставени во две колони по три, користат патентирани технологии Radial Phase Plugs и Concentric Summation Array, поради покомпактно собирање со HF звучниот бран, 2kom 15” LF драјверите исто така користат патентирана технологија Offset Aperture со која се зголемува растојанието на акустичните центри, па така проширувајќи ја ефективната контрола на хоризонталното покривање длабоко во  LF опсегот.

Хоризонталната симетрија на Anya модулот обезбедува кохерентно собирање без аномалии во зоната каде фреквенциите се сечат, кои пак се создаваат поради физичката оддалеченост на акустичните извори. Ова дава конзистентна  HF дисперзија и контрола на фреквентниот спектар на хоризонтален план. Секој Anya модул содржи лесно заменливи модули за напојување и процесирање со 22 канали за дигитална обработка на сигналот и негово појачување, со кои се контролира секој од 22 драјвери во модулот

Adaptive Performance, преку Resolution 2 софтверот ги контролира сите параметри на целата група на Anya модулот за да се развие асиметричен израз, обликуван така сите точки во просторот, дефинирани од страна на корисниците, да примат скоро идентичен одзив и звучна слика. Со внимателно планираната големина и положба на драјверите, EAW инженерите му овозможија на Anya системот да креира навистина радикални начини на покривање на просторот (на пример, многу фокусирано и насочено , скоро директно надолу), задржувајќи го при тоа квалитетот на звукот совршен.