900 панели ЛЕД екрани на концертот на Маја Беровиќ

На АФИКС бина од 300 квадратни метри се спушти во златен кафез и така го почна својот прв голем концерт во Штарк арената. Концертната сала беше исполнета до последното место, а Маја Беровиќ владееше со сцената чиј дизајн ги воодушеви посетителите.

Посебен акцент е ставен на продукцијата на видеоматеријалите, кои за потребите на настапот во соработка со Маја се подготвени однапред. Прикажани се на 900 панели ЛЕД екрани, што во збир изнесува дури 13 200 000 пиксели. Контролата на тоа количество пиксели е обемна работа, што Скајмјузик техничката продукција со леснотија ја реши користејќи ги исклучителните Avolites AI RX8 Infinity.

„Се беше совршено, комплетната продукција! И она што беше на бината и околу бината, ЛЕД екраните, звукот, видеопродукцијата… немам ниту една забелешка. Посебно би го пофалила Скајмјузик тимот со кој со леснотија соработував во сите сегменти уште од првиот ден. Уживав во изработката на видеото“, вели Маја Беровиќ.

На бината се користени Meyer монитори и Yamaha PM5D за монитор микс. Eurotruss конструкцијата носеше повеќе од 500 светлосни тела, а за контрола на осветлувањето е користена MA Grand MA2 Full Size, модерна опрема која во Србија ја поседува единствено Скајмјузик. Незаменливиот EAW Anya систем, последниот збор во аудиотехниката, користен е и на овој настан со додаток на Meyer Milo системот за outfil.