50 најмоќни во шоу-бизнисот
Сопственикот е и директор на најголемата продукциска куќа „Sky music“, која работи повеќе од 20 години. Исто така, тој е и главен организатор на најголемите музички и сценски случувања, а 2015. станува и партнер на Exit фестивалот. Со музиката, која ја смета за своја најголема страст, се бави од најрана младост. Во деведесеттите, клавирот и гитарата ги трга настрана, и почнува да се занимава со музичка продукција. Автор е на многубројни аранжмани за нумери на регионални изведувачи. Своето прво музичко студио, со име „Sky studio“, го отвори 1994. Оваа година, на три последователни концерти на „Bijelo Dugme“, „Sku music“ за првпат го инсталира најсовремениот звучен систем на денешницата, познат како „Anya“. Со оглед на тоа дека тоа е единствен звучен систем од тој вид во Европа, концертите на Бијело дугме беа европската премиера на тој систем во една арена.
Шкариќ е заслужен за носење на некои од најголемите имиња од светската музичка сцена во Србија како: Rihanna, Fifty cent, Jennifer Lopez, Roby Williams.
