Скајмјузик и оваа година неизоставен дел од концертите во Македонија

Почетокот на концертната сезона во Скопје во последниве неколку години е незамислив без Скајмјузик, како што е всушност и целата концертна сезона во Македонија.

Оваа година почетокот на концертната сезона во Скопје го одбележаа седумте концерти во Македонската опера и балет на најголемата Македонска музичка ѕвезда Каролина Гочева и концертот на рок ветераните, еден од најдобрите свирачки бендови на сите времиња Тото.

Рекордниот серијал концерти на Каролина Гочева всушност беше промоција на нејзиниот нов албум “Извор”. Имајќи ја во предвид специфичноста на овој музички проект за кој на бина имаше 20тина музичари, Скајмјузик за потребите на концертот постави висококвалитетна аудио опрема која соврешено го пренесе посакуваниот звук до публиката, а за да се добие потполна интимна атмосфера сцената во МОБ беше надополнета со одлично осветлување.

Концертот на рок великаните Тото се одржа во ВИП Арената во Спортскиот центар Борис Трајковски. Нивната продукција за потребите на овој концерт донесе свое озвучување и осветлување, а имајќи ја во предвид специфичноста и можностите за поставување на опрема во ВИП Арена организаторот на концертот го ангажираше Скајмјузик и нашиот искусен ригинг тим за поставување на таа опрема. Покрај тоа Скајмјузик беше задолжен и за изведба на самата бина која со своите 272 квадратни метри е најголемата бина поставена во ВИП Арена.