Проектирано и инсталирано озвучување и осветлување во клубот Трптих
Крагуевац е побогат за нов угостителски објект од светска класа. Скајмјузик ја проектираше и монтираше комплетната опрема за озвучување и осветлување во дефинитивно најдобриот клуб во Крагуевац. Во клубот најчесто ди-џеи ќе ги забавуваат гостите, а се разбира повремено ќе има и настани на кои музичките групи ќе го имаат главниот збор. Барањето на клиентот се состоеше во тоа да преку ден има пријатен тивок звук, а во вечерните часови масивен звук достоен за клубска атмосфера. Од тие причини проектиравме аудио систем поделен во повеќе зони каде секоја зона е прилагодена на специфичноста на самиот простор. Инсталиравме врвно активно озвучување од Италијанскиот производител dB Technologes од серијата DVX и SIGMA. Инсталираното осветлување го дополнува амбиентот преку ден и додава атрактивност на локалот за вечерните настани. Целата работа е извршена во многу краток рок и на особено задоволство на клиентот.
Инсталирана опрема:
dB Technoogies DVX10HP
dB Technoogies SUB18H
dB Technoogies AC26N
dB Technoogies Sigma S115
dB Technoogies Sigma S118
Pioneer CDJ850
Pioneer DJM750
Soundsation MHL60mk2 Beam
Soundsation MHL7x10W Wash











