Концерт на Тропико во Скопје

АУДИО-ВИЗУЕЛЕН СПЕКТАЛ СО ЕДНА ОД НАЈПОПУЛАРНИТЕ МУЗИЧКИ ГРУПИ НА БАЛКАНОТ

Со задоволство ja информираме македонската публика дека после многу фестивали, после концертот во Белградска Комбанк Арена пред 20.000 посетители, после настапите ширум Балканот и Европа и после успешната Америчка турнеја момците од ТРОПИКО решија во знак на благодарност за 16 годишната поддршка да ја израдуваат и својата публика во Македонија со феноменален музичко – сценски спектакл.

Имено, на 28ми април со почеток во 21 часот во ВИП Арената во Скопје, Македонската публика ќе има можност да ужива и да се забавува со најголемите хитови на ТРОПИКО. Покрај последниот сингл “Haluciniram” кој ја одбележа претходната година, ТРОПИКО ќе ја подсетат публиката и на своите стари хитови “Misliću na tebe”, “Sve moje zore”, “Zauvek tvoj”, “Paranoja”…

Влезниците ќе бидат пуштени во продажба во четврток на 01ви март преку продажната мрежа на Купикартизасе – www.kupikartizase.com.

На 28ми април во ВИП Арената во Скопје не очекуваат 2 часа одлична свирка и оригинлно аудио-визуелно доживување, какви всушност се и самите момци од ТРОПИКО.

Концертот е во организација на Skymusic Македонија