Дочек на Новата 2018та година

Со низа содржини Српската престолнина го одбележа влегувањето во новата година. Вреди посебно да се издвои концертниот програм кој беше организиран на 29.12.2017 на Савската променада каде настапија “Ортодокс Келтс” и “Ничим изазван” како своевидна промоција на новото градско шеталиште.

Предновогодишната и новогодишната вечер традиционално се резервирани за големи концертни настапи пред Народното собрание на Србија.

На 30.12.2017 публиката ја забавуваа “Ван Гог”, Жељко Самарџиќ и “Зана”, а Новата 2018 година беше дочекана со “Рибља Чорба”, Аца Лукас и “Балканика”.

 

Во Ниш на плоштадот Крал Милан повеќе илјадната публика Новата година ја дочека со настапите на групата “Ван Гог” и биг бендот на Дејан Петровиќ.

 

Повеќе од дваесет илјади луѓе Новата година ја дочекаа на главниот плоштад во Будва со концерт на култната група од поранешна Југославија “Бијело Дугме”. Програмот за дочек на Новата година во Будва се одржа на Староградскиот плоштад и траше од 29.12.2017 до 01.01.2018 година.

Настапите на “Бијело Дугме”, “Бајага и Инструктори”, “Квин Симфони – трибјут бенд”, “САРС”, “Хладно Пиво” и “Дубиоза Колектив” се одржаа на бина со површина од 300 квадратни метри на која беа распоредени повеќе од 200 квадратни метри лед екрани.