Балашевиќ ги израдува сите генерации со својата нова турнеја

Војводинскиот кантавтор омилен кај сите генерации на овие простори, Ѓорѓе Балашевиќ, својата турнеја Баронов Бал ја започна со концертите во Осијек на 22.12.2017 и Загреб на 26.12.2017, а со нетрпение се очекува и големиот концерт во Белград закажан за 30.12.2017 година во Штарк Арена.

Балашевиќ своите долгогодишни верни фанови ги израдува со своите хитови “Неки нови клинци”, “Протина кќи”, “Словенска”, “Прича о Васи Ладачком”, но и со новите долго очекувани нумери. Продолжението на турнејата се очекува на почетокот на следната година.

За продукцијата се погрижи Скајмјузик, а за озвучување е користен спектакуларниот звучен систем, звезда помеѓу тонските опреми – ANYA.